Достапни линкови

Неправилностите од ревизијата во Битола сеуште без одговор


Советниците во општина Битола

Советниците во општина Битола

Констатираните слабости во ревизорскиот извештај за работата на општина Битола во 2007 сеуште ја брануваат битолската јавност. Опозицијата бара имиња на фирмите кои се офајдиле, градоначалникот демантира дека работеле незаконски

Иако од обајвувањето на извештајот од Државниот ревизорски завод за финансиското работење на битолската општина за 2007 година, поминаа два месеци, констатираните слабости се уште ја брануваат битолската јавност. Копјата меѓу опозицијата и локалната власт се кршат најмногу во делот на јавните набавки. По забелешките на ревизорите дека не се почитувале одредбите од Законот за јавни набавки, па општината не го одбирала секогаш најповолниот понудувач, а дел од избраните фирми ги плаќала авансно, опозицијата ги бара имињата на фирмите кои на овој начин се офајдиле.

„Не се спроведени постапки за јавни набавки во износ 2 279 000 денари. Зошто не се спроведени постапките за јавни набавки? На кои правни субјекти им се доделени? По кој критериум и по која цена? Дали со овие средства не се извршени дополнителни злоупотреби?“

„Комисијата за јавни набавки во сите спроведени постапки не подготвува изјави за постоење на конфликт на интереси што е спротивно на член 21 од Законот за јавни набавки. Барам да ми се достави список со сите правни субјекти и нивните сопственици кои добиле право да реализираат некоја главна набавка во локалната самоуправа во 2007 година, со цел јавноста да се убеди дали роднини или пак самите функционери во општината биле инволвирани во набавките за потребата на општината“

прашуваат советниците од СДСМ, Јулијана Силјановска и Борис Чоревски.

Градоначалникот дематира дека општината работела незаконски. Вели дека се појавиле одредени пропусти во финансиското работење кои досега се надминати.

„Општината досега имаше комисии за јавна набавка. При крајот на минатиот совет јас предложив и тоа веќе го направивме одделение за јавни набавки. Обучуваме кадри специјално задолжени за јавни набавки, токму затоа што ингеренциите на општината со децентрализацијата максимално се зголемуваат и овие луѓе иако максимално се вложуваа можеби правеа и некои пропусти зашто е тука ревизорот да ни укаже“

обајснува Талески.

Според официјалниот ревизорски извештај забележани се нерегуларности во прикажувањето на расходите на општина Битола. За капитални прокети потрошиле 64 милиони денари, а бил прикажани само изградба на дел од водовод и новиот пазар. Понатаму со 3,8 милиони денари се наградувале вработените и советниците бза кавлитетна работа. Иако општината немала донесено социјални програми ревизорите откриле дека долелила 1,3 милиони денари за социјално загрозени лица итн.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG