Достапни линкови

Тамилските тигри се предадоа


Тамилските тигри во Шри Ланка денеска соопштија дека ги прекинуваат борбите со владините сили, кои се водеа во една помала област на северо-истокот од земјата. Одлуката која ја соопштува претставник на бунтовничките Тамилски Тигри Селвараса Патманатан, е објавена на интернет сајтот на бунтовниците. Претседателот на Шри Ланка Махинда Раџапакса вчера веќе објави победа. Претходно, агенциите јавија дека цивилите ја напуштиле и последната воена зона, каде се водеа битки меѓу владините сили и бунтовниците. Повеќе од 70 илјади лица загинаа во 25 години долгиот конфликт во Шри Ланка.
XS
SM
MD
LG