Достапни линкови

Израелскиот премиер Нетанјаху утре на средба со Обама


Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху можно е да поддржи мировен процес кој што би придонел за формирање на независна палестинска држава, изјави Ехуд Барак министер за одбрана во владата на Нетанјаху. Барак исто така изјави дека договорот со палестинците мора да биде постигнат во наредните три години. Израелскиот премиер Нетанјаху утре во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама, чија администрација го поддржува решението за две држави.
XS
SM
MD
LG