Достапни линкови

Обама – Стабилизацијата на Авганистан клучна за дополнителните трупи


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека секоја одлука за испраќање на дополнителни американски трупи во Авганистан ќе зависи од темпото на стабилизација и развојот на уште подемократска власт во земјата. Во интервју за американскиот магазин Њусвик, Обама вели и дека најтешката работа со која што се соочил откако ја презел претседателската функција во јануари, е одлуката за испраќање дополнителни 17 илјади американски војници во Авганистан кои треба да им се придружат на 30-те илјади трупи кои веќе се во земјата. Обама истакнува и дека американската воена акција во Авганистан мора да се гледа во контекст на како што ја нарече, сеопфатни напори за стабилизирање на ситуација во земјата.
XS
SM
MD
LG