Достапни линкови

За прв пат четири жени во Парламентот во Кувајт


За прв пат во Кувајт четири жени обезбедија место во Парламентот, покажуваат денеска објавените резултати од парламентарните избори што се оддржаа вчера. Вкупно 16 жени учествуваа во трката за 50 члениот кувајтски парламент. Жените во Кувајт за прв пат во 2005-та година добија право да гласаат и можност да се кандидираат на избори, но досега не успеваа да обезбедат место во Парламентот.
XS
SM
MD
LG