Достапни линкови

Хисен Рамадани, политиколог


Хисен Рамадани

Хисен Рамадани

Мислам дека не треба да се губи време со она што е почнато, не треба да се расплинуваат работите околу Охридскиот договор, и прашањата кои што се содржани, а ги толкуваме различно затоа што во одредени моменти, различно ни одговара

Каква порака испрати албанскиот политички блок за инаугурацијата на претседателот Иванов, за односот кон оваа институција?

Пораката на Албанците мислам дека таа треба да се следи континуирано, не само со завршниот чин. Прво, мислам дека уште во програмирањето на агендата на претседателот таа беше делумно непотполна затоа што не го опфати албанскиот електорат. Мислам дека тогаш треба да се случуваат нештата кои што после треба да се заокружуваат да речеме со инаугурацијата, односно со прогласување на претседателот. По мое убедување, од сега натаму мислам дека сите политички сили во Македонија треба да го зацврстат концептот за тоа дека Македонија се гради како мултиетничка држава, а дека е мултиетничко општество тоа е објективен факт, збориме за конституција. И мислам дека тука беше една од причините за што одредено однесување во дејствувањето на ВМРО ДПМНЕ имаше, а тоа си го продолжи и претседателот кој што на таа тема ниту една реченица во текот на изборната кампања не кажа.

Но, чинот на стапување на должност претседател преставува свечен чин во кој за момент се ставаат настрана политичките интереси, во интерес на демонстрирање однос кон институцијата претседател?

Добро беше што на еден начин се даде одглас, за таа институција да се зацврстува. Зошто вие знаете каква историја имаме кон таа институција до сега. Цело време за овие изминати четири претседатели, едни го прифаќаа, други не го прифаќаа, сега треба да почне друга фаза, сите да ја прифатиме таа институција како таква, а тоа бара едно наше заедничко созревање, а заедно и со човекот што ја води таа институција.
Hisen Ramadani

Заложба во надворешната политика е активна улога во градењето однос со соседите. Колку камен на сопнување може да претставува градењето однос со Косово, и со Србија паралелно поради деликатните односи?

Видете, деликатни односи на Балканот има и ќе има. Да речеме Македонија има деликатни односи на повеќе линии и неможе да се каже дека односите со Србија се чисти. Односот кон македонската црква е однос кон државата. Сакам да кажам следно. Јас сум за продолжување на добрососедски односи со сите земји, вклучувајќи ја и Србија, но не на нејзина сметка да се потценат другите. Албанците, сите треба да сватат веќе на Балканот, не се тие што биле, туку сега се веќе нешто друго. И молат, а јас молам и во друго име, таа реалност да се разбере. Зошто да кажам така, со нив да се однесуваат на тој начин, значи со една резерва, за сметка на тоа други да не бидат засегнати. Па, ако се засегнати тоа е нивна работа.

Како ја коментирате можноста косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, да биде прв гостин на претседателот Иванов?

Тоа не се знае, сите страни тврдат дека тоа не е точно. Кога ќе се објави тоа ќе биде добар гест, но засега сеуште е шпекулација. Тоа би била извесна, мала компензација и мислам дека тоа би било добро. Морам да признаам вероватно слушнавте, дека многу коректен беше претседателот на Косово, кој рече дека не добил покана, но дека ќе се продолжи со добрите односи со Македонија, што е многу добро.

Како решавањето на евроатлантските процеси, односно решавањето на името, ќе влијае врз владината коалиција, со оглед на изјавата на лидерот Ахмети дека нерешавањето на овие прашања ќе внесе несигурност кај граѓаните. Преставува ли ваквата изјава вовед во разнишување на коалицијата?

Тој сепак мислам дека сакал да каже дека во јавноста се гледа одредена разлика во динамиката на барањето на граѓаните за решавање на некои спорни прашања за да се интегрира земјата што побрзо во НАТО и ЕУ. И како што знаете обично анкетите покажуваат дека процентот на албанците кои бараат тој процес да оди многу побрзо, е многу повисок во споредба со другите граѓани. Но, сеедно јас мислам дека Македонија нема друг избор. Македонија мора да смогне сили што побрзо да разреши некои отворени прашања, особено со името со Грција, бидејќи на некој начин приклучокот во НАТО не е спорно, освен ова со името. Зашто НАТО тој критериум не го преброди уште пред Букурешт или во Букурешт, тоа е сосема друго прашање, јас не би навлегувал сега во тоа. Но, мислам дека на Македонија и е повеќе од потребно што побрза интеграција. Не е само за реакцијата на албанците, туку проблемите се многу пошироки од тоа како ќе реагираат албанците. Македонија неинтегрирана во НАТО и ЕУ, таа е ровка по многу нешта, и по оние што сега ни се прават многу добри, не сакам да елаборирам бидејќи некои работи се подразбираат, туку сакам да кажам дека тоа е битен, витален интерес за Македонија, за да се закружи во Балканскиот простор како еден фактор, чинител кој е непроменлив.

Каква е вашата оценка за меѓуетничките односи во Македонија?

Сега бидејќи се навествуваат некои нови концепции, идеи, предлози итн. Мислам дека нетреба да се губи време со она што е почнато, не треба да се расплинуваат работите околу Охридскиот договор, и прашањата кои што се содржани, а ги толкуваме различно затоа што во одредени моменти, различно ни одговара.

Како размислуваат граѓаните, надвор од политичките блокови бидејќи интерпретирано на начин на политичките партии, меѓуетничките односи во зависност од тоа дали некоја партија е на власт или не е, еднаш се добри, друг пат не се?

Јас мислам дека меѓу широките маси, таа состојба е многу помирна, отколку во самата политика. На политиката и треба малку загревање, за да за одредена ситуација се добие одредени поени. Народот, се грижи за тоа да не дојде до конфликти, да не дојде до влошување на односите, кои инаку во светот не се добри, еве барем на економски план, можат да се случат и други катастрофи. Така што луѓето не сакаат конфликти.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG