Достапни линкови

Медведев загрижен за приближување на НАТО до руските граници


Рускиот претседател Димитриј Медведев изрази загриженост поради приближувањето на НАТО кон руските граници, и ја повика Алијансата да им се врати на принципите дефинирани на самитот во 2002-та година, кога беше потпишан договорот за статусот на Москва во Советот НАТО-Русија. За да напредуваме по прашањето за безбедноста, не треба да се носат нови идеи, туку да ги примениме веќе донесените, изјави Медведев кој воедно го повтори неодобрувањето на Русија за НАТО воените вежби во Грузија.
XS
SM
MD
LG