Достапни линкови

logo-print

САД ги поддржуваат напорите за решение за името


Американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг

Американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг

Соединетите Држави остануваат стратешки партнер на Македонија и ги поддржуваат напорите за изнаоѓање решение за разликите околу името со Грција, изјави американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг кој престојува во посета на Скопје, на средби со македонскиот политички врв.

Американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг кој попладнево во Скопје, се сретна со премиерот Никола Груевски изјави дека Соединетите Држави остануваат стратешки партнер на Македонија и ги поддржуваат напорите за изнаоѓање решение за
Ги поддржуваме напорите на медијаторот Метју Нимиц да се изнајде заеднички прифатливо решение, бидејќи тоа е во интерес на двете земји. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме овој процес на преговори за изнаоѓање решение за името
разликите околу името со Грција.

,,Ги поддржуваме напорите на медијаторот Метју Нимиц да се изнајде заеднички прифатливо решение, бидејќи тоа е во интерес на двете земји. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме овој процес на преговори за изнаоѓање решение за името.“

изјави по средбата со Груевски, на заедничката прес конференција Стајнберг. Македонскиот премиер пак посочи дека владата постојано во изминативе години прави напори да ја престави македонската позиција во врска со спорот со името.

,,Така што оваа збиена агенда што ја гледате деновиве е случајност, ние всушност изминативе години постојано се трудиме да имаме активности во врска со спорот за името што ќе и помогнат на Македонија, и се разбира така ќе биде и понатаму.“

рече Груевски.

Штајнберг освен со премиерот Груевски, остварува средби и со претседателот Ѓорге Иванов, а најавено е дека ќе се сретне и со претставниците на политичките партии. Инаку, пред разговорите со американскиот заменик државен секретар, македонскиот државен врв во претседателската резиденција оддржа консултации во врска со спорот со името. На средбата освен претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, присуствуваа и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и македонскиот пратеник во преговорите за името, амбасадорот Зоран Јолевски. „Ова беше прва официјална средба, како дел од предвидените редовни координации на претседателот Иванов во однос на разговорите за надминување на разликите околу името со Република Грција“ се вели во кусото соопштение од Кабинетот на претседателот, лиферувано по средбата. Пред денешната посета на Македонија, американскиот заменик државен секретар Стајнберг вчера беше во посета на Грција каде се сретна со грчкиот премиер Костас Караманлис и министерот за надворешни работи Дора Бакојани.
XS
SM
MD
LG