Достапни линкови

Индискиот премиер Манмохан Синг прогласи победа


Индискиот премиер Манмохан Синг прогласи победа на парламентарните избори во земјата, посочувајќи дека гласачите и дале огромна поддршка на Коалицијата предводена од неговата Партија на Конгресот. Индиските медиумите јавуваат дека резултатите во корист на Конгресната партија се темелат врз преброени 70 отсто од гласовите. Според досега преброените гласови, како што јавуваат медиумите оваа коалиција би можела да има 258 од вкупно 543 места во парламентот, наспроти 160-те на националистичката хиндуистичка Бхаратија Џаната Партија. Конечните резултати од изборите, Изборната комисија треба да ги соопшти во текот на денов. Маратонските избори во пет фази во Индија, траеа речиси еден месец.
XS
SM
MD
LG