Достапни линкови

logo-print

Почина сопственикот на АЛСАТ, Веби Велија


По кратко боледување, доцна синоќа во Скопје, почина Веби Велија, сопственик на балканската регионална индустриска и консалтинг корпорација ВЕВЕ Групација и на телевизискиот синџир „Алсат“ во Македонија, Албанија и на Косово. 61 годишниот Веби Велија беше исто така и основач и претседател на „Велија Фондацијата“ за култура, претседател на Здружението на индустријалци и инвеститори на Албанија, член на регионалните иницијативи на СЕКИ и на советодавното тело за бизнис на Пактот за стабилност, член на Националниот совет за труд на Министерството за труд и социјална политика на Албанија и член на Надзорниот одбор на Агенцијата за промовирање на странски инвестиции во Албанија. Погребот ќе се изврши на 16 мај, во 15:00 часот, во родното село Градец, Гостиварско, Република Македонија. Комеморативна седница по повод смртта на Веби Велија ќе се одржи во понеделник во Скопје во Стопанската комора на Македонија.
XS
SM
MD
LG