Достапни линкови

Организациите за човекови права разочарани од Обама за Гунатанамо Беј


Организациите за човекови права реагираа разочарано на одлуката на американскиот претседател Барак Обама за обнова на некои воени судења на осомничени за тероризам на Гуантанамо Беј. Негативно реагираа Хјуман Рајтс Воч, Амнести Интернешенел и Американската граѓанска либерална унија за која воената комисија е нелегална и неуставна. За овие организации тоа е враќање на воениот комисиски систем применет од Претседателот Џорџ Буш. Претседателот Обама пак изјави дека новите правила на обвинетите ке им се обезбеди фер судење.
XS
SM
MD
LG