Достапни линкови

Груевски побарал од Саркози да помогне во решавањето на спорот за името


Македонскиот премиер Никола Груевски, на денешната средба со францускиот претседател Никола Саркози во Париз, побарал Франција да превземе поголема улога во процесот на решавање на спорот со Грција околу името. Груевски, како што јави МИА, по средбата изразил задоволство од позицијата на Саркози во врска проблемот со името. Од француска страна, била искажана подршка за визна либерализација меѓу Македонија и Европската Унија, како и за интеграција на Македонија во НАТО.
XS
SM
MD
LG