Достапни линкови

Зголемена нервоза на политичката сцена


Салата во Собранието на Република Македонија
Салата во Собранието на Република Македонија
Фрустрациите владеат на македонската политичка сцена, се согласуват политичарите и експертите. Националистичкиот говор, заострениот вокабулар и честите препукувања меѓу власта и опозицијата, говорат за зголемена политичка тензија и го отгнуваат вниманието од вистинските проблеми, велат тие. Илија Димовски од центарот за комуникации на владејачката партија, вели дека
опозицијате не треба својата нервоза да ја насочува кон колегите од власта и кон граѓаните.

„Нервозата за неуспесите коишто ги нижат како партија треба да ја бараат во внатрешната слабост на СДСМ, немањето кадровски
Вкупната економска состојба во земјата, неможностите Македонија да се справи со кризата, се една од причините што веќе почнува и говор на омразата во Собранието, па и на други места.
капацитети и програмски концепт. Сите ние како политичари носиме одговорност пред општеството да внесуваме многу повеќе разбирање, многу повеќе почитување, а да не внесуваме омраза, да не внесуваме хаос.“

Андреј Жерновски од опозиционата ЛДП вели дека политиката е ринг на кој политичарите непотребно се навредуваат.

„Не можам да се согласам со колегите од опозицијата коишто непотребно, навистина употребуваат термини кои ја дефокусираат суштината на дебатата. Тука возвраќаат министрите и со навреди се напаѓаме себе си.“

Наместо да се решаваат актуелните проблеми и власта и опозицијата се однесуваат ноншалантно, вели полтичкиот аналитичар Махи Несини.

„Вкупната економска состојба во земјата, неможностите Македонија да се справи со кризата, се една од причините што веќе почнува и говор на омразата во Собранието, па и на други места. Всушност, се работи за тоа да, фактички, владата и не презема нешто поконкретно.“

објаснува Несини и додава дека состојбите на политичката сцена се одраз на лошата состојба во општеството. Косово, Рамковниот договор, наводната реконструкција на Владата, враќањето на Бранко Црвенковски на чело на СДСМ, само ја подгрејаа и така жешката политичка сцена, велат експертите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG