Достапни линкови

logo-print

Расте меѓународниот притисок за решавање на спорот со името


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Во последно време засилена е дипломатската активност на САД и европските сојузиници со претставници на Македонија и Грција. Аналитичарите очекуваат интензивирање на преговорите по јунските избори за европратеници во Грција

Се стега меѓународниот обрач, околу Македонија и Грција, за брзо решавање на спорот за името, коментираат дел од аналитичарите, по засилената дипломатска активност на претставници на САД и на европските држави, во регионот.

Првиот генерален конзул на Македонија во Њујорк и магистар по меѓународно право и политика Филип Петровски вели дека
Овој активизам од наша страна, со летачкава дипломатија во Брисел не го гледам како посебна желба од нас да разговараме со нашите европски пријатели, туку мислам дека беа поканети претседателот и премиерот уште еднаш да им се каже прецизно дека нашите европски и американски партнери очекуваат конечно да се случи нешто на овој план
притисокот од меѓународната заедница, за брзо решавање на спорот за името со Грција, се зголемува. Јас не гледам една издржана државна стратегија по однос на тоа прашање, вели Петровски.

„Овој активизам од наша страна, со летачкава дипломатија во Брисел не го гледам како посебна желба од нас да разговараме со нашите европски пријатели, туку мислам дека беа поканети претседателот и премиерот уште еднаш да им се каже прецизно дека нашите европски и американски партнери очекуваат конечно да се случи нешто на овој план.“

Американскиот замeник-државен секретар Џејмс Штајнберг, според најавите, денеска е во посета на Атина, а прашањето за името треба да биде една од главните теми на разговорите. Високиот претставник на Стејт департментот ќе дојде во Македонија, веднаш по посетата на Атина. Странските дипломати во земјава, се почесто, зборуваат за наоѓање компромис со Грција, а пред неколку дена и заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Стјуарт Е. Џонс, во Брисел ги повика Македонија и Грција да покажат „најголема можна флексибилност, за да може прашањето за името да стане минато“.

Професор Димитар Мирчев, советник на претседателот Ѓорге Иванов, вели дека е очигледно дека по изборите се засилуваат контактите со меѓународната заедница и смета дека тоа може многу да помогне за да се забрзаат разговорите. Мирчев се надева дека спорот може да се реши до крајот на годинава и смета дека Македонија успева да ги убеди дипломатите во исправноста на своите позиции.

„Токму завчера Стјуарт Џонс изјави дека разговорите треба да се концентрираат само на името, не на другите прашања како јазикот, идентитетот, историјата и слично. Така што, мислам дека веќе меѓународната заедница сфаќа каде е суштината на проблемот.“

Странските претставници, но и домашните власти проценуваат дека преговорите за решавање на спорот ќе се интензивираат по завршувањето на јунските избори за европратеници во Грција.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG