Достапни линкови

Висок американски дипломат во посета на Атина


Заменик-државниот секретар на САД Џејмс Штајнберг денеска пристигнува во Атина на разговори со грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани и со премиерот Костас Караманлис, пишува атинскиот весник „Вима“. Се очекува на разговорите да биде разгледан спорот за името со Македонија. „Вима“ коментира дека од страна на САД во последно време се забележало раздвижување на грчко-македонскиот спор и оти Вашингтон изгледа сакал да биде најдено решение во најскоро време. Причината за таа активност, според весникот, била дека членството на Македонија во НАТО и ЕУ, во Вашингтон се оценувало како неопходно за стабилноста на земјата. Грчкиот весник тврди дека извесна активност во таа насока манифестирало и шведското претседателство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG