Достапни линкови

Средбата Груевски-Саркози ќе се оддржи утре


Средбата на премиерот Никола Груевски со францускиот претседател Никола Саркози, наместо попладнево, како што беше првично закaжана, ќе се одржи утре, откако македонската владина делегација не успеа на време да пристигне во Париз поради дефект на владиниот авион, јавува МИА. Дефектот, кога откажале сите компјутери и радари, се случил додека авионот бил на надморска височина од шест илјади метри, по што авионот принудно бил вратен и безбедно слетал во Брисел, информираа од Кабинетот на премиерот. Премиерот Груевски и останатите од владината делегација од Брисел со воз се упатија за Париз.
XS
SM
MD
LG