Достапни линкови

Државните сајтови, без заштита и лесна цел за хакерите


Компјутер
Компјутер

Интернет сајтовите на државните институции во Македонија се лесна цел на хакерите. Државата нема Национален тим кој што би се грижел за нивната сигурност.

Македонија нема Национален тим што се грижи за сигурноста на интернет страниците на државната администрација и затоа тие се лесна цел за хакерите, коментираат луѓето од интернет сферата.
Мора да се посвети поголемо внимание на сигурноста на државните интернет страници, посочува уредникот на информатичкиот портал It.com.mk Дамјан Арсовски.

„Тоа е навистина голем недостакот, бидејќи сајбер сигурноста е нешто на кое мора да се обрне повеќе внимание, нешто за што мора да се одвои и поголем буџет и да се создаде и тим од експерти кои ќе бидат обучени за такви работи и кои 24 часа ќе ги следат состојбите со државните компјутери, и едноставно би ги решавале проблемите.“

Последна жртва на хакерите, пред два дена, беше интернет страницата на Музејот на Македонија. Наместо содржината на институцијата, на веб-страната на музејот се појавуваше логото на косовските хакери што се потпишуваат како Албански муслимански хакери. За првомајските празници, албанско-косовска хакерска група упадна на интернет страницата на Претседателот на Македонија.
Цели три дена, за време на празниците, сите посетители што се обиделе да ја отворат веб-страната на Претседателот, им се отворала
Тоа е навистина голем недостакот, бидејќи сајбер сигурноста е нешто на кое мора да се обрне повеќе внимание, нешто за што мора да се одвои и поголем буџет и да се создаде и тим од експерти
нова страница со знакот на групата. Пред околу две години, претседателската интернет страница баше нападната од бугарски хакери. Во двата случаи хакеритене не направиле штета, туку само се промовирале себеси во јавноста. Да се хакира еден сајт, односно да се сменат информации на главната страница е многу лесно, вели Арсовски.

„Обично во младите години тие што сакаат имаат такви цели, го прават тоа за да се промовираат. Додека во попрофесионални кругови луѓето го прават тоа дури и за профит, за да се намали репутацијата на некоја администрацијата, пример претседателот итн. Значи може да се направи огромен инцидент.“

Пред речиси една година, и министерот за информатичко општество Иво Ивановски оцени дека заштитата од хакерски напади е слаба и најави дека разговарале со Центарот за управување со кризи да формираат тим, кој ќе биде професионално обучен во ЕУ или во САД и ќе се грижи за хакерските упади.
Институциите, за сега, само декларативно се залагаат за заштита од таканаречениот сајбер-тероризам. Ние не сме оперативци, туку само координатор и обезбедуваме меѓуресорска соработка, вели портпаролот на Центарот за управување со кризи Мишко Талески.

„Во февруари оваа година е утрврдена само институционална рамка, како да се изградат тие нормативни, финансиски, кадровски и материјално-технички услови за постапување во врска со тоа. Но, само декларативна заложба имаше меѓу институциите на системот, дека треба да се отпочне со реализација на овој проект за заштита од сајбер тероризам.“

Најголема грижа за заштита на податоците на компјутерските системи преземаат банките, кои користат консултантски услуги за онлајн-заштита, но се подложни и на редовни ревизорски проверки.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG