Достапни линкови

Се поприсутно психичко малтретирање на работниците


Работници во фабрика

Работници во фабрика

Покрај експлоатацијата на работникот, МОБИНГОТ или психичкото малтретирање на работно место станува се позачестено во македонските компании. Над 30 илјади работници минатата година побарале правна заштита од синдикатот.

Неисплатени плати, надоместоци за храна, превоз и придонеси, како и испраќање на принуден одмор се најбројните прекршувања на правата на работниците во битолскиот регион. Покрај експолатацијата на работничкиот турд, во последно време се позачестен станува Мобингот или психичкото малтретирање на работните места. Од Регионалниот синдикален сојуз со седиште во Битола коментираат дека се помалку се почитува достоинството на работникот, како последица на заложбите за привлекување на странски инвеститори.

„Мислам дека сме сведоци на една ерозија на вредностите на трудот во Република Македонија. Во услови кога се прави една тенденција за привлекување на странски капитал, лошо е што е одбрана една варијанта во која се преферира позицијата на капиталот, а се занемарува позицијата на трудот. Мислам дека тоа лошо делува врз самата клима, бидејќи ако имате незадоволни работници или работници кои не можат да обезбедат средства за своја егзистенција и за егзистенција на своите семејства, лошо и за самите инвеститори е да работат во една таква средина на незадоволни работници, со потенцијална можност постојано да избувнуваат
Покрај експолатацијата на работничкиот турд, во последно време се позачестен станува Мобингот или психичкото малтретирање на работните места
социјални конфликти.“

вели претседателот на Регионалниот синдикален сојуз, Живко Митревски.
Ако некогаш Македонија важеше за земја каде се почитуваа работничките права повеќе од капиталистичките земји, сега работите се поставени обратно. Токму поради ова, над 31 илјада од македонските работници минатата година побарале правана заштита од синдикатот, од нив неколку илјади само во Битола. Митревски предупредува:

„Значи мора да се обезбеди една социјална атмосфера во интерес на двете страни, која е претпоставка за социјален мир и за перспектива во секоја држава. Не случајно така работат западните држави, каде трудот има соодветна вредности посебно се внимава на почитување на правата на вработените.“

додава Митревски.
Слаба страна на македонските синдикати е расцепканоста. Кога синдикатите од светот се обединуваат, нашите се разединуваат.

„Целокупното синдикално движење во светски рамки доживува на некој начин одредена криза или намалување на тие вредности, пред се заради широката експанзија на глобализацијата на капиталот. Не случајно заради тоа имаме едно рекомпонирање во делот на синдикалното движење на светски план. Не случајно демохристијанската унија и демохристијанските синдикати се здружија со светската конфедерација на синдикати. Тоа значи окрупнување на здружувањето на синдикатите на светски план. Но, за жал во Македонија имаме еден друг процес на оситнување или намалување што за последици ги има состојбите вакви какви што се.“

вели Митревски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG