Достапни линкови

,,Богата“ културна понуда во Скопје


Скопје
Скопје
Дилеми повеќе нема. Влезните билети за перформансот на пијанистот Симон Трпчески со оркестарот на театарот Бољшој во Метрополис арена на Скопски саем се веќе одамна продадени, а да се најде некоја за гала оперскиот концерт на Галузин и Тимченко е исто како да се надевате дека ќе добиете премија на некоја од игрите на среќа. И, со право зошто се работи за настапи кои ветуваат вонсериски изведби и артисти чии имиња се синоним за врвното во светот на класичната музика.
Така, тенорот Владимир Галузин кој минатата година на Мајските оперски вечери имаше блескав настап во улогата на Калаф во операта Турандот, овојпат ни доаѓа заедно со сопранистката Наталија Тимченко и програма во која обајцата ќе изведуваат арии и дуети
Трпчески несомнено станува пијанистички суперстар по кого не препознава светската културна јавност и чие делување многу посилно говори за нашиот идентитет и опстојба отколку излитените фрази и детски потези на локалните политичари
од оперите на Верди, Пучини и Чајковски. Со оркестарот на Македонската опера и балет на овој гала оперски концерт ќе диригира славниот Италијанец Енрико Довико, инаку музички директор на националниот театар во Манхајм, Германија. Кон, ова само уште информациите дека Галузин на својот репртоар има бројни големи оперски улоги, дека како гостин настапувал во Холандската опера, Ројал опера хаус, Ковент Гарден, на сцените на значајните светски театри и дека е добитник на руската оперска награда Каста Дива и носител на титулата Народен артист на Русија.
Симон Трпчески, пак, како пијанист припадник на руската пијанистичка школа, се чини дека со концертите во Метрополис арена во родното Скопје и ден претходно во Лугано - Швајцарија, ќе отсонува уште еден свој голем сон – да музицира со еден од најпознатите музички ансамбли во светот и најстариот оркестар во Русија. Тој со Оркестарот на театарот Бољшој што брои над 100-тина членови, под диригентство на маестро Александар Ведерников кој се вбројува во редот на најценетите светски раководители на оркестри, ќе биде солист на пијано во изведбата на Рапсодија на тема Паганини од Рахмањинов, а на програмата се и увертирата Хамлет -фантазија од Чајковски и Петтата симфонија од Прокофјев.
Инаку, македонскиот амбасадор на културата, само во изминатиов неколкумесечен период оствари извонредна серија на блескави изведби во европските центри. Музицираше во Милано, Прага, Париз, Минхен, Кембриџ и Диселдорф, на почетокот на март имаше концерти со Лондонскиот филхармониски оркестар, потоа беше солист на Оркестарот на Ирската национална телевизија, настапи и со Симфонискиот оркестар од Питзбург во САД, за да отпатува и во Јужна Кореја каде му беше гостин и на Филхармонискиот оркестар на Сеул.
Конечно, Трпчески несомнено станува пијанистички суперстар од интернационален маштап по кого не препознава светската културна јавност и чие делување многу посилно говори за нашиот идентитет и опстојба отколку излитените фрази и детски потези на локалниве политички јуноши.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG