Достапни линкови

Нетанјаху се сретна со јорданскиот крал Абдула


Јорданскиот крал Абдула во рамки на денешната средба со израелскиот премиер Беџамин Нетанјаху изјави дека идејата за две држави, е единствено решение за израелско-палестинскиот конфликт и постигнување мир на Блискиот Исток, јавуваат агенциите. Нетанјаху денеска допатува во Јордан, откако вчера во Каиро разговараше со египетските лидери. Посетите на арапските земји се подготовка за средбата со американскиот претседател Барак Обама, што следната недела ќе се оддржи во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG