Достапни линкови

Неизвесна средбата меѓу Груевски и Саркози?


За време на летот на владиниот авион со кој претседателот на Владата Никола Груевски, неговиот шеф на Кабинетот Мартин Протоѓер и членовите на обезбедувањето патуваа од Брисел до Париз откажале сите копјутери во леталото, како и радарот. Во Kабинетот на премиерот потврдија дека, премиерот Груевски и останатите патници во авионот биле безбедно вратени во Брисел, од каде со воз тргнале за Париз и неизвесно е дали и кога ќе се одржи средбата со францускиот претседател Никола Саркози.Сите компјутери во авионот и радарот откажале додека авионот летал на надморска височина од 6.000 метри.
XS
SM
MD
LG