Достапни линкови

Обвинителството во БИХ побара притвор за Главаш


Обвинителството во Босна и Херцеговина упати предлог до Судот за одредување на 30-дневен притвор за Бранимир Главаш. Обвинителството побара и утврдување на фактите за негово испорачување во Хрватска. Главаш вчера беше уапсен во Босна и Херцеговина, каде пребега откако минатата недела во Хрватска беше осуден на десет годишна казна затвор поради воени злосторства во Осиек во 1991-та година.
XS
SM
MD
LG