Достапни линкови

logo-print

Гордон Браун го осуди обвинувањето против лидерот на опозицијата во Мјанмар


Британскиот премиер Гордон Браун денеска изјави дека е длабоко загрижен поради обвинувањето за опозициониот лидер во Мјанмар Аунг Сан Су Чи, дека ги прекршила условите за куќен притвор. Су Чи е обвинета дека во својот дом примила американски државјанин, кој подоцна е уапсен, а мотивите за посетата не се познати. 63-годишната добитничка на Нобелова награда изутрината е однесена во затвор.
XS
SM
MD
LG