Достапни линкови

Денеска средба Саркози - Груевски во Париз


Претседателот на Собранието Трајко Вељановски оствари средба со францускиот претседател Николас Саркози на крајот на февруари

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски оствари средба со францускиот претседател Николас Саркози на крајот на февруари

На средбата во Елисејската Палата, премиерот Груевски ќе бара поддршка од францускиот претседател Саркози за визната либерализација, а ќе го информира и за македонските позиции за спорот со името со Грција

Францускиот претседател Никола Саркози, денеска во Париз, е домаќин на македонскиот премиер Никола Груевски. На средбата во Елисејската палата, Груевски ќе побара поддршка од Франција за што поскоро симнување на шенгенската визна бариера.
Ваква дипломатска активност сите аналитичари препорачуваа многу одамна, но ние бевме зафатени со избори. Мислам дека сега е одличен момент, бидејќи ЕУ и земјите од Унијата сеуште не се многу зафатени околу изборите кои се очекуваат во јуни за Европскиот парламент

Политикологот Марија Ристевска смета дека посетата е знак за засилена дипломатска активност на македонските власти, во пресрет на укинување на визите за македонските граѓани.
Иако, поради доцнењето на извештајот и краткото време за активно лобирање поради домашните но и европски избори, можеби одлуката за визна либерализација нема да биде донесена за време на чешкото претседателство со Унијата, но сигурно ќе ни ги укинат визите до крајот на годинава, вели Ристевска.

„Ваква дипломатска активност сите аналитичари препорачуваа многу одамна, но ние бевме зафатени со избори. Мислам дека сега е одличен момент, бидејќи ЕУ и земјите од Унијата сеуште не се многу зафатени околу изборите кои се очекуваат во јуни за Европскиот парламент.“

Визната либерализација ќе биде во фокусот и на средбата што шефот на македонската Влада ќе ја има со францускиот министер за имиграција Ерик Бесон, во чија надлежност е проблематиката со визите.

Токму Франција и Германија важат за најголеми скептици и во однос на визите и во однос на проширувањето на Унијата. Ристевска вели дека лобирањето треба да биде насочено токму кон тие земји.

„Нашите анализи покажуваат дека најголеми резерви за визната либерализација, политичка има Франција, Германија и Шпанија. И веројатно најголем проблем ќе имаме со германскиот министер за внатрешни работи и таму треба да биде насочена целата активност.“

Ристевска вели дека, иако, целото медиумско внимание ќе биде насочено кон евентуални разговори за спорот со името, тоа нема да биде главна тема на разговорите. Поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малевски смета дека Европа е свсена дека не сме во состојба, во скоро време, да направиме сериозен исчекор во решавање на спорот за името со Грција.

„Мислам дека заради тоа сега се обидуваат да ни помогнат на друг начин, имено да не го држат тој поклопец затворен врз овој македонски народ, кој доколку остане така, значи изолиран, без патишта кон интеграција во Европа, може да предизвика повторни бранови на внатрешен национализам.“

Сепак, како што јави известувачот на МИА, Груевски ќе го информира Саркози и за позицијата на Македонија за спорот за името, што Грција го наметна како аргумент за блокада на македонската интеграција во НАТО.

Дводневната посета на Париз, премиерот Никола Груевски, ќе ја заокружи со средби со претставници француското здружение на стопанственици МЕДЕФ и со првите луѓе на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД Хозе Анхел Гуриа и на Меѓународната организација на Франкофонијата Абду Диуф.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG