Достапни линкови

Во Македонија доаѓа претседателот на парламентот на Норвешка


Претседателот на парламентот на Кралството Норвешка Торбјорн Јагланд денеска доаѓа во посета на Република Македонија. Предвидено е Јагланд да се сретне со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со Оливер Шамбевски, шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа и со Игор Ивановски, претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка.
XS
SM
MD
LG