Достапни линкови

Штрајк на јавната администрација во Грција


Синдикатот на јавната администрација во Грција започна 24-часовен штрајк, со барање за зголемување на платите и пензиите во државниот сектор, објавија грчките медиуми. Јавната администрација протестира против политиката на Владата на премиерот Костас Караманлис, која доведе до намалување на нивната заработувачка. Тие настојуваат да биде обезбедено и финансирање на социјалните фондови. За време на протестот јавниот сообраќај ќе се одвива нормално, бидејќи вработените во овој сектор нема да штрајкуваат.
XS
SM
MD
LG