Достапни линкови

Активни преговори со Грција за името


Американскиот амбасадор Филип Рикер
Американскиот амбасадор Филип Рикер

Американскиот амбасадор Филип Рикер изјави дека САД ги охрабруваат Македонија и Грција да работат заедно за да пронајдат решение за името. Тој рече дека во спорот на владата со ЕВН меѓународната задница е загрижена за начинот на спроведување на судскиот процес

Македонија и Грција треба активно да преговараат околу спорот со името, со цел земјава да стане дел од НАТО, рече Американскиот амбасадор Филип Рикер на маргините на донаторската конференција за царинската управа.
Тоа е билатерален спор меѓу Грција и Македонија. Ги охрабруваме и двете земји да работат напорно и да работат заедно за да пронајдат решение на овој проблем за Македонија да ги исполни своите амбиции и да стане дел од НАТО


„Тој проблем треба да се реши. Тоа е билатерален спор меѓу Грција и Македонија. Ги охрабруваме и двете земји да работат напорно и да работат заедно за да пронајдат решение на овој проблем за Македонија да ги исполни своите амбиции и да стане дел од НАТО, а сметам дека тоа ќе помогне и во евроинтеграциите на земјата.“

Запрашан за спорот на Македонија со Грција околу македонскиот идентитет, американскиот амбасадор одговара:

„Станува збор за спор околу името. Отсекогаш бил познат како спор околу името. Македонија и Грција треба да работат заедно за да го разрешат тоа, и како што отсекогаш сме посочувале, Соединетите држави ќе сторат се за да им помогнат на двете страни да го сторат тоа преку процесот во Обединетите Нации со посредство на посредникот Нимиц.“

Околу спорот помеѓу „ЕВН“ и Владата, Рикер посочува дека секој странски инвеститор кој е активен или веќе инвестира во земјава е заинтересиран за фер третман и ефикасно судство.

„Важното нешто кога станува збор за странските инвестиции е увереноста на инвеститорите дека судски процес ќе се спроведе на фер начин. Нашите грижи во овој случај се нерегуларностите и недостатокот на транспарентност во иницијалниот судски процес. Значи
Важното нешто кога станува збор за странските инвестиции е увереноста на инвеститорите дека судски процес ќе се спроведе на фер начин
грижите кои многумина од нас во меѓународната заедница ги изразивме се во врска со судскиот процес и како се спроведе.“

Американскиот амбасадор додава дека привлекување на странски инвестиции во земјава е заеднички интерес на Македонија и Америка

„Продолжуваме со активна работа да ја осигураме Македонија како атрактивна локација за странски инвестиции, бидејки сметаме дека тоа може да биде од наш интерес и од интерес на Македонија. Но очигледно мора да бидеме сигурни дека има фер услови за игра.“

Инаку, Соединетите Американски држави донираа опрема за царинската управа, за специјални истражувања, снимање и сликање.
XS
SM
MD
LG