Достапни линкови

Сабери била обвинета бидејќи поседувала доверлив документ


Адвокатот на американско-иранската новинарка Роксана Сабери, изјави дека обвинувањето за шпионажа против неа, се темелело врз основа на доверлив документ за американската инвазија во Ирак, што го поседувала. Сабери поседувала извештај што бил подготвен од страна на стратешкиот истражувачки центар на иранското претседателство, изјави адвокатот Салих Кикбат кој додаде дека таа не го користела документот. Новинарката Сабери неделава беше пуштена од затворот во Техеран, откако иранскиот суд ја намали нејзината осум годишна казна затвор на две години условна казна.
XS
SM
MD
LG