Достапни линкови

Продолжува офанзивата на пакистанската армија против бунтовниците


Пакистанската армија соопшти дека во големата офанзива против бунтовниците во Долината Сват денеска биле убиени 11 милитанти, а загинале и четворица припадници на безбедносните сили. Армијата продолжува со нападите врз позиции на милитантите во областа Сват, но и на нови фронтови. Во 17-дневната операција на пакистанската армија досега се убиени 750 бунтовници, а повеќе од половина милион лица се раселени.
XS
SM
MD
LG