Достапни линкови

logo-print

Различни проценки за македонската економија


Состанок на владиниот економски тим со извршниот директор на ММФ во Вашингтон

Состанок на владиниот економски тим со извршниот директор на ММФ во Вашингтон

Владата, експертите и странските институции во јавноста пласираат различни проценки за очекуваниот економски раст во земјава. Генерално, владините проценки се пооптимистички. Пред претседателските избори стапката на раст се проценуваше на 5 отсто. По завршување на изборите Владата го скастри буџетот и проекциите за раст кои сега се сведени на еден отсто. Според дел од експертите, и сегашните проценки не се реални. Шенај Хаџи Мустафа од центарот за економски анализи вели дека мислењето на центарот на последната комисија за финансирање и буџет се базирала на податоците од Владата

„Значи, од самите нивни официјални податоци испадна дека има грешки во пресметката на БДП, којшто испадна дека е на многу повисоко ниво, пресметан од она што и така тие прогнозираат дека ќе има намалување од 5,5 проценти раст, на еден процент раст. Значи, самото намалување на 1,3 проценти, сметаме дека воопшто не е реално.“

Хаџи Мустафа додава дека Владата не смее да си дозволи грешки во пресметките бидејки сите субјекти на пазарот ги базираат одлуките на владините пресметки.

„Мислам дека воопшто не е во ред да се греши во пресметка, имајќи предвид дека станува збор за институција одговорна за
Не би ги нарекол проекциите на ММФ камен темелник на добро истражување. Од друга страна, Владата има тенденција да ги претерува проценките поради политички и економски причин а тука се и психолошките фактори - да се намалува паниката и да се генерира добра бизнис клима
макроекономската политика во земјата.“

Проценките на Владата се разликуваат од оние на Еврропската комисија и Меѓународниот монетарен фонд. Додека Комисијата предвидува дека висок дефицит на тековната сметка кој би сочинувал 23,2 отсто од Бруто домашниот производ, ММФ посочува дека сегашниот минус во Буџетот проектиран на 190 милиони евра, би требало да изнесува 360 милиони евра.

Економскиот аналитичар Сем Вакнин се согласува дека проекциите за економски раст на Владата се оптимистички, но во поглед на ММФ додава дека извештаите на светската организација се базирани на ограничени информации, додека Владата располага со сите релевантни индикатори.

„ Најпрвин, Владата има поголем опсег на информации на располагање, во споредба со надворешните институции. Факт е дека ММФ грешеше во своите проекции во изминативе 2 години. Не ја процени точно глобалната криза и мораше да ги ревидира проценките барем четири пати во изминативе шест месеци. Според тоа, не би ги нарекол проекциите на ММФ камен темелник на добро истражување. Од друга страна, Владата има тенденција да ги претерува проценките поради политички и економски причин а тука се и психолошките фактори - да се намалува паниката и да се генерира добра бизнис клима.“

Вакнин додава дека за разлика од други земји, речиси три четвртини од Бруто домашниот производ во земјава е директно или индиректно зависен од владините институции.

„ Кога имате толкава контрола, многу е лесно да манипулирате со бројките и многу е лесно да гарантирате одредена стапка на раст.“
XS
SM
MD
LG