Достапни линкови

Претседателот Иванов во Брисел


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов го користи првиот работен ден на новата должност, за посета на Брисел. Посетата на Брисел е на наше барење, а идејата е со таа посета, уште еднаш, да се нагласи евроатлантската ориентација на Претседателот, велат во неговиот Кабинет.
Проблемот беше што откако ќе се поздравеа и ќе си ги пренесеа добрите желби, нашата власт немаше аргументи за нашиот напредок кон ЕУ
Тие информираат дека, денеска во 15 часот, Иванов ќе се сретне со Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата Хавиер Солана, а за утре е предвидена средба со белгискиот крал Алберт Втори.

Пратеничката Радмила Шеќеринска од Социјалдемократскиот сојуз не очекува промена на политиката на власта кон членството во Европската унија. Таа вели дека пораките што ни ги испраќа Унијата не се менуваат и европретставниците постојано ги повторуваат истите. Нам и досега не ни недостигаа посети во Брисел, ниту пак Европската Комисија ги затвораше вратите пред нашите функционери, вели Шеќеринска.

„Проблемот беше што откако ќе се поздравеа и ќе си ги пренесеа добрите желби, нашата власт немаше аргументи за нашиот напредок кон ЕУ.“

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле очекува од Иванов да ја потсети Унијата дека односот на Грција кон
Најверојатно ќе добиеме едно големо добредојде и потсетување на тоа дека од овој претседател ќе се очекува не да нуди решенија, туку да создаде атмосфера за сериозен политички дијалог. И со ваква никаква опозиција како што ја имаме сега
Македонија ги загрозува европските вредности, многу повеќе отколку што задира во суверренитетот на Македонија. Чашуле, сепак, се согласува дека пораките од Брисел нема да се сменат.

„Најверојатно ќе добиеме едно големо добредојде и потсетување на тоа дека од овој претседател ќе се очекува не да нуди решенија, туку да создаде атмосфера за сериозен политички дијалог. И со ваква никаква опозиција како што ја имаме сега.“

На средбата со Солана, покрај Иванов, ќе присуствува и премиерот Никола Груевски, кој потоа заминува во Франција на билатерална средба со неговиот француски колега Николас Саркози. Чашуле смета дека Франција се обидува да се појави како сериозен играч на Балканот. Тој вели дека во наредниот период може да се очекува Саркози да врши притисок и врз грчките и врз македонските власти за конечно да се постигне компромис за името и да се отвори патот на Македонија кон Европската Унија и кон НАТО.

„Гледам сега дека Франција ќе настапи со тврда позиција која нема да биде многу пријатна за слушање од премиерот Груевски. Мене таа посета ме изненади, но секој дијалог е добар и корисен без разлика какви пораки ќе се разменат.“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG