Достапни линкови

Борба за рејтинг или незадоволство?


Лидерот на ДПА Мендух Тачи

Лидерот на ДПА Мендух Тачи

Партиите поинаку се однесуваат во опозиција од тоа кога се на власт, се согласуваат експертите. По најавите на Мендух
Ако имаме Охридски договор кој секој ден станува се повеќе поезија, а не политички договор, тогаш не е во прашање господинот Тачи или Османи, туку Албанците
Тачи дека бара нов рамковен договор, и претходните на Руфи Османи дека ќе бара промена на Уставот, се поставува прашањето дали партиите од албанскиот блок ќе го искористат незадоволството на Албанците, за зголемување на малиот рејтинг. Аналитичарот Имер Исмаили вели дека Албанците се наезадоволни од ДУИ и од нецелосното спроведување на Охридскиот договор.

„Ако имаме Охридски договор кој секој ден станува се повеќе поезија, а не политички договор, тогаш не е во прашање господинот Тачи или Османи, туку Албанците. Тој договор дефакто, реално не се практицира и Албанците не чувствуваат дека тој договор се применува,“

вели Исмаили и додава дека гласот на Албанците треба сериозно да се сфати

Гордан Ѓорѓиев, од истражувачкиот центар „Форум“, вели дека албанските партии кои се во опозиција ги
Мислам дека тоа влегува во зоната на една празна или опозиционерска реторика, бидејќи сите тие партии кога биле на власт го почитувале Охридскиот договор и јавно истакнувале дека тоа е добра рамка за регулирање на меѓуетничките односи
радикализираат своите гледишта само за да добијат дополнители поени кај гласачите.

„Албанските партии кои најавуваат срамежливо или помалку срамежливо некаков нов договор за регулирање на односите меѓу Македонците и Албанците, мислам дека тоа влегува во зоната на една празна или опозиционерска реторика, бидејќи сите тие партии кога биле на власт го почитувале Охридскиот договор и јавно истакнувале дека тоа е добра рамка за регулирање на меѓуетничките односи,“

вели Ѓоргив и објаснува дека сега е најпогодноно време албанската опозиција да си ги освои своите цели.
Мендух Тачи, лидерот на ДПА, побара нов договор меѓу Македонците и Албанците со образложение дека Владата на ВМРО - ДПМНЕ и на ДУИ го уништила Охридскиот рамковен договор. Тачи нагласи дека за Албанците повеќе не било издржливо да се славизира секоја педа од Македонија и порача дека сите што сакаат да ја уништат албанската политика во земјава ќе се соочат со порадикални и поекстремни политики. Тачи не беше ни на инагурацијата на новиот македонски претседател.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG