Поранешниот американски амбасадор во Србија Вилијам Монтгомери смета дека протестите на косовските срби од околината на Гњилане биле поттиканти од српските лидери од северно Косово кои пак, како што вели, имаат логистичка поддршка од Белград:
,,Нема да кажам дека Белград претходно ги планирал и организирал тие протести, но нема никакво сомневање дека учесниците на протестите добиваат помош и поддршка од некои српски лидери на Косово и индиректна поддршка од некои луѓе во Белград.,,
Амбасадорот Вилијам Монтогомери во разговорот со дописникот на Радио Слободна Европа од Белград Бранка Тривиќ и со објаснување зошто никој од највисоките власти во Белград не испратил порака за прекин на протестите:
,,Секако дека никој не испратил таква порака. Дури и оние срби во Белград кои се со поумерена ориентација или оние што веруваат дека Косово техички е изгубено не смеат тоа јавно да го кажат.,,
Според Монтгомери, сегашната реалност во Србија е таква што сите политичари, со исклучок на Чедомир Јовановиќ сметаат дека не е во нивен интерес на каков било начин да ја прифатат независноста на Косово или авторитетот на мисијата на Европската унија на Косово.
,,Мислам дека опасноста кои повеќето ја предвидуваат не е во тоа што србите на Косово ќе ги продолжат протестите или во нив ќе има инциденти и насилство. Тоа е предвидливо. Опасноста е во тоа што во еден момент косовските албанци ќе престанат да се потпираат врз меѓународната заедница и ќе почнат еднострани акции.,,
Таквите акции, како што вели амбасадорот Монтгомери, ќе бидат поддржани од косовските политичари кои сега не се во владејачката гарнитура.
,,Гледам знаци дека косовските политичари кои не се во владата се се погласни во критиките поради непреземањето какви било акции, така што Приштина е под се посилен притисок. Затоа имаше и забрана за некои српски претставници да влезат на Косово.,,
Вели во интервјуто за Радио Слободна Европа, поранешниот американски амбасадор во Србија Вилијам Монтгомери.

Дури и оние срби во Белград кои се со поумерена ориентација или оние што веруваат дека Косово техички е изгубено не смеат тоа јавно да го кажат ...