Достапни линкови

Напади на талибанците во Авганистан и Пакистан


Во денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба пред една американска воена база во источен Авганистан, загинале најмалку 6 цивили додека 16 други биле ранети, соопшти полицијата. Тоа се случило во близина на градот Хост, каде што вчера талибанските милитанти ги нападнале канцелариите на тамошната локална власт при што загинале десет лица. Хост се наоѓа на дваесет километри од границата со Пакистан. Агенциите јавија дека четириесетина талибанци денеска во близина на пакистанкиот град Пешавар нападнале терминал за снабдување на НАТО силите при што уништиле неколку возила.
XS
SM
MD
LG