Достапни линкови

За Словенија неприфатлив предлогот на ЕУ


Словенија објави дека ќе го отфрли предлогот на Европската унија да се прибегне кон меѓународна арбитража за решавање на граничниот спор со Хрватска, освен ако Брисел не ги прифати словенечките предлози за промени, изјави премиерот Борут Пахор. Тој истакна дека Љубљана ќе ги испрати во Европската комисија промените што ги предлага, но не откри повеќе детали. Минатата седмица хрватскиот Парламент го усвои предлогот на ЕУ за меѓународна арбитража за решавање на спорот, кој ги блокира преговорите на Хрватска за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG