Достапни линкови

Први билатерални средби на претседателот Иванов


Претседателот Ѓорѓе Иванов со хрватскиот претседател Стипе Месиќ

По свеченото превземање на функцијата, Иванов имаше и билатерални средби со своите колеги. По средбата со албанскиот претседател Бамир Топи, албанскиот претседател изрази разочарување, заради неприсуството на косовскиот претседател Фатмир
По признавањето на Косово од земјите на Балканот и пошироко и во духот на поддршката од меѓународните партнери, повеќе од потребно е на идните тркалезни маси да биде и претседателот Сејдиу
Сејдиу.

„По признавањето на Косово од земјите на Балканот и пошироко и во духот на поддршката од меѓународните партнери, повеќе од потребно е на идните тркалезни маси да биде и претседателот Сејдиу.“

Иванов и хрватскиот птретседател Стипе Месиќ се согласија дека Европската Унија и НАТО се клучни надворешно-политички приоритети на Македонија и Хрватска

„Соработката меѓу Македонија и Хрватска ќе придонесе за европско обединување, бидејќи колку повеќе ние соработуваме толку повеќе ќе бидеме прифатливи и за другите земји.“

Ѓорѓе Иванов е четврти претседател на Република Македонија. За разлика од неговите петгодишниот мандат го почна во новите работни простории што се наоѓаат во вилата „Анекс“ на Водно.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG