Достапни линкови

logo-print

Пјер Мирел – ЕК сеуште не ја завршила проценката за визниот режим


Директорот за Западен Балкан во Директоријатот за проширување на ЕУ Пјер Мирел денеска изјави дека сите шпекулации околу тоа која земја и кога ќе биде ставена на ,,белата шенген листа“ се преуранети. Мирел при денешната посета на Белград рече и дека Европската Комисија пред се сака добро да го подготви извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан во процесот на визна либерализација, од што ќе зависи одлуката. Мирел додаде и дека Европската Комисија сеуште не ја завршила проценката и оти мора да се разјаснат уште некои прашања со повеќе земји опфатени со процесот на визна либерализација.
XS
SM
MD
LG