Достапни линкови

Прв говор на претседателот Иванов во парламентот


Претседателот Ѓорѓе Иванов зборува во Собранието

Претседателот Ѓорѓе Иванов зборува во Собранието

Новoизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов во првото обраќање пред пратениците и присутните гости ja изложи својата визија за Македонија ветувајки дека неговата неговата политичка агенда е јасна и недвослмислена. Нагласи дека ќе го вложи својот кредибилитет за добросостојбата на држава и граѓаните, при тоа поттикнуавјќи ги и подджуавајќи ги сите политички лидери и
Мојата политичка агенда е јасна и недвосмислена. Македонија, членка на НАТО и ЕУ, силна и почитувана, а нејзините граѓани горди, богати и среќни
јавноста да се однесуваат одговорно кон добрите односи меѓу зедниците оценувајќи дека тоа претствува нашето најголемо национално богатство

„Мојата политичка агенда е јасна и недвосмислена. Македонија, членка на НАТО и ЕУ, силна и почитувана, а нејзините граѓани горди, богати и среќни. За таа цел Македонија продолжува да чекори без запирање водејќи одговорна внатрешна и надворешна политика.“

Уште еден аспект на македонската надворешна политика, е добрососедската политика и придонесот на Македонија кон стабилноста и просперитетот на регионот рече Иванов залагајќи се цврсто опстојување на државата на патот на регионалната соработка, заснована врз рамноправни основи. Иванов нагласи дека особено внимание ќе посвети на односите со Грција со која како што рече отсекогаш сме биле и ќе бидеме соседи.

„Недвосмислено е дека споделуваме заеднички европски вредности, го сонуваме истиот европски сон. Уште повеќе, длабоко сум убеден дека дел од прашањата што ги опременуваат односите меѓу двете соседни држави, а особено културите и традициите имаат капацитет да бидат мост на соработка и промотор на нов сиклус на просперитет во регионот.“
Слушнавме еден празен говор, без политичка порака.


Од говорот на новоизбарниот пресеадтел не беше задоволна опозициската СДСМ . Не беа споменати важните прашања како прашањето за името изјави Цветанка Иванова:

„Слушнавме еден празен говор, без политичка порака. И секако како опозиција изразуваме разочарување од неговиот говор.“

За партиите од власта, говорот на претседателот е говор на обединување на сите граѓани.


„Говорот на новоизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов беше говор којшто ги обединува сите граѓани на Република Македонија.“


„Се надевам дека сите културни и национални различности во Република Македонија ќе бидат една од појдовните основи на претседателот на Република Македонија за да биде претседател на сите граѓани.“


рекоа Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Сафет Назири од ДУИ.


Лидерот на Нова Демократија Имер Селмани очекува сите пораки од говорот претседателот Иванов да ги применува во иднина.


„Успеа претседателот да даде силна порака дека Крушевскиот манифест, декларацијата на АСНОМ, Уставот и Охридскиот рамковен договор се стожери на Република Македонија.“


Официјалната церемонија ја следеа четворица странски државници, хрватскиот претседател Стипе Месиќ, српскиот Борис Тадиќ, албанскиот Бамир Топи и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, поради што оваа инаугуративна седница беше поразлична од другите. Во собраниската сала беа и претставници на дипломатскиот кор, како и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Киро Глигоров и пратеници од сити политички партии со исклучок на опозициската партија од албнскиот политички блок ДПА. По инаугурацијата новиот макеодонски претседател има билатерални средби со државниците од регионот што се и негови први средби по преземањето на функцијата. Остана нејасно дали до косовскиот претседател Фатмир Сејдиу била испратена покана, но Сејдиу според непотврдените информации ќе биде првиот гостин со кој Иванов ќе оствари средба по неговото вракање од Брисел во среда неделава.

Говорот на новоизбраниот претседател Ѓорѓе Иванов беше говор којшто ги обединува сите граѓани на Република Македонија
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG