Достапни линкови

ОБСЕ не ја спушти границата на оценките за изборите во одделни земји


Јанез Ленарчич, директор на ОДИХР
Јанез Ленарчич, директор на ОДИХР

Одделот на ОБСЕ за набљудување на изборите, ОДИХР се најде под остри критики поради изразената претпазливост во оценувањето на избирачките процеси во одделни земји од поранешниот Советски сојуз.

Критиките за работата на ОДИХР особено дојдоа во израз по позитивните оценки за парламентарните избори во Молдавија во почетокот на минатиот месец. На овие избори кои беа проследени со наводи за големи неправилности, победија комунистите што пак доведе до насилни протести на опозицијата. Некои посматрачи сметаат дека нарушувањата на избирачкиот процес спомнати во извештајот на ОДИХР беа доволни да се се поништат резултатите.

,,Тоа беше изјава за првичните заклучоци и наоди која беше издадена ден по изборите и ги содржеше и позитивните и негативните аспекти на избирачкиот процес. Никогаш не рековме дека изборите беа одлични или целосно позитивни.,,

Вели директорот на ОДИХР амбасадорот Јанез Ленарчич во интервјуто за Радио Слободна Европа. На забелешката дека на таквите изјави на ОДИХР се гледа како на печат за одобрување спроведеното гласање и покрај бројните обвинувања за неправилности, тој вели:

,,Не би требало од соопштението или од првичната изјава да се земаат само позитивните работи. Во насловот на нашето соопштение за медиумите се вели: ,,Изборите во Молдавија исполнија повеќе меѓународни стандарди, но потребно е натамошно подобрување,,. За некои тоа е позитивна оценка, но јас сметам дека таа беше избалансирана.,,

На прашањето дали конечниот извештај за изборите во Молдавија ќе има поразлични заклучоци од оние во прелиминираниот, словенечкиот амбасадорот додава:
Нашите оценки треба да се читаат внимателно. Ако кажеме дека некои изболри исполнуваат повеќе меѓународни стандарди, тоа се разликова од ако кажеме тие исполнуваат голем дел од стандардите...

,,Тоа зависи од дополнителните информации што би можело да ги примиме по денот на изборите. Но, она што веќе го имаме досега е содржано во привремениот пост изборен извештај.,,

Вели тој, додавајќи дека демонстрациите и насилството по изборите во Молдавија фрлија сенка врз целиот процес, бидејќи покажаа дека постои недоверба во изборните резултати. Тоа, како што додава, ОДИХР, веќе го има вклучено во извештајот.

,,Не можам да се согласам со наводите дека ние ја спуштивме границата. Тоа воопшто не е точно. Нашата граница, нашите стандарди остануваат исти и тоа е наша обврска.,,

Според него, ОДИХР секогаш таа задача ја спроведува во согласност со ситуацијата на теренот. ,,Тоа што го откриваме никогаш не е целосно бело или целосно црно,, вели тој додавајќи:

,,Затоа овие наши оценки треба да се читаат внимателно. Ако кажеме дека некои избори исполнуваат повеќе меѓународни стандарди, тоа се разликува од ако кажеме тие исполнуваат голем дел од сандардите.,,

Вели директорот на ОДИХР словенечкиот амбасадор Јанез Ленарчиќ во интервју за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG