Достапни линкови

Русија и Јапонија потпишаа договор за нуклеарна соработка


Русија и Јапонија денеска потпишаа договор за нуклеарна соработка, за време на посетата на рускиот премиер Владимир Путин на Токио. Како што е соопштено, договорот предвидува трансфер на јапонска технологија за Русија и продажба на дополнително нуклеарно гориво за Јапонија. Претходно двете земји потпишаа и договор за заеднички развој на нафтени полиња во источен Сибир.
XS
SM
MD
LG