Достапни линкови

logo-print

Ѓорѓе Иванов ја презема претседателската должност


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Новоизбарниот претседател Ѓорге Иванов официјално ја презема фукцијата од досегашниот шеф на државата Бранко Црвенковски. Според сценариото, церемонијата на неговото стапување на должност ќе започне пред Собранието каде ќе биде пречекан од Црвенковски заедно со војничката гарда, и заедно ќе се упатат пред собраниската сала. По свечената заклетва, на Иванов тие ќе се упатат во претседателскиот кабинет, каде и формално ќе заврши примопредавањето на функцијата. Идејата на организторите, односно на Владата и на Собранието е оваа инагуративна седница да биде поразлична од другите преку присуство на странски државници од регионот. Своето присуство го потврдија српскиот претседател Борис Тадиќ, хрватскиот Стипе Месиќ, црногорскиот Филип Вујановиќ и албанскиот Бамир Топи. Остана нејасно дали до косовскиот претседател Фатмир Сејдиу била испратена покана иако косовскиот претседател тоа го демантираше. На чинот ќе присуствуваат и претствници на владиниот кабинет, како и претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор, на судството, на верските заедници. Инагуарцијата претствува свечен чин на кој за момент на второ место се ставаат партиските интереси и се покажува однос кон институцијата претседател на државата. На неа нема да присуствуваат дел од пратениците од албнскиот политички блок. За бојкотот влијание имаше тоа што на свеченоста нема да присуствува косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, кој пак е најавен како првиот странски гостин со кој Иванов треба да остври средба наредната недела . За разлика од двете опозициски партии од албанските политички блок, ДПА и Нова демокартија, еден ден пред ингурацијата лидерот на владеачката ДУИ Али Ахмети соопшти дека неприсуството на косовскиот претседател не треба да се политизира и дека за таа партија Иванов е легитимно избран претседател. Поради нивото на гостите и присуството на странските државници во Скопје е воведен посебен безбедносен и сообраќаен режим како и највисок степен на безбедност. Полицијата најави користење на хеликоптери, и присуство на службите за антитерористичка борба и на специјалните единици за да ја гарантира безбеднсота. Планот е таков зошто освен четворица претседатели на инагурацијата доаѓаат и министри државни секретари и амбасадори, изјавија во МВР. Од 11 до 14 часот целосно е затворен булеварот „11 Октомври“ пред Собранието, а сообраќајот е биде пренасочен по околните улици.

По официјалното примопредавање на функцијата предвидено е Иванов да оствари билтерлана средба со државниците од регионот. Во новата претседателска резиденција на Водно каде ќе биде приреден и свечен ручек на кој ќе присуствува и премиерот Никола Груевски како и министрите за внатрешни и надворешни и одбрана, како ресори во кои претседателот има директна надлежност.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG