Достапни линкови

logo-print

Косово повод за тензии на македонската политичка сцена


Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу

Непоканувањето на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу ќе предизвика тензии на македонската политичка сцена, оценуваат аналитичарите. Тие додаваат – македонските Албанци им се додворуваат на косовските политички лидери

Косово е и ќе остане важен сегмент, кој и понатаму ќе го диктира развојот на добрите меѓуетнички односи, се согласуваат експертитите. Дека Косове е важно, покажа и последниот пример, кога дел од партиите од албанскиот блок, не сакаат да присуствуваат
Има културна, економска повзаност меѓу Македонија и Косово. Исто така, гледано и од економски аспект, Македонија единствено со косовскиот пазар има суфицит во надворешната трговија. Заради тоа и заради блиските односи меѓу Албанците во Македонија и Косово, тоа нормално влијае и на меѓуетничките односи во Република Македонија
на свеченоста на која Ѓорѓе Иванов ќе биде прогласен за претседател, заради тоа што одпрвин не беше поканет косовскиот премиер Фатмир Сејдиу.

Македонија го призна Косово пред повеќе од седум месеци , но сеуште немаат воспоставено дипломатскиодноси. За претставниците на партиите од албанскиот блок, врските со Косово се силни и треба да се негуваат.

„Има културна, економска повзаност меѓу Македонија и Косово. Исто така, гледано и од економски аспект, Македонија единствено со косовскиот пазар има суфицит во надворешната трговија. Заради тоа и заради блиските односи меѓу Албанците во Македонија и Косово, тоа нормално влијае и на меѓуетничките односи во Република Македонија,“

вели Аријанит Хоџа, портпарол на Нова Демократија.

За аналитичарот Алберт Муслиу, односите со Косово се важни и за меѓуетничките односи во Македонија.

„Косово и односите со Косово се важни за албанскиот политички фактор во Македонија. Ова не е прв пат, косовската политика и косовските политичари имаат блиски односи со македонските албански политичари и неповикувањето на Сејдиу сигурно ќе предизвика тензија на внатреполитичката сцена во Македонија. Независно како тие се чувствуваат за таа тема, тоа секако ќе им даде повод или меѓусебно да се напаѓаат,“

вели Муслиу

Професорот Јове Кекеновски вели дека албанските партии се зависни од Косово и сакаат да им се додворуваат на тамошните политички лидери

„Во одредена ситуација тие очекуваат помош, без разлика дали вербална или логистичка помош, којашто им помага во добивањето гласови кај граѓаните Македонци од албанско етничко потекло, токму за овие политички партии,“

вели професорот Кекеновски.

Косово и претходно било тема на несогласување, како меѓу партиите од албанскиот блок, така и меѓу албанските и македонските партии.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG