Достапни линкови

Ѓорге Иванов ја презема функцијата Претседател на РМ


Новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов денеска напладне официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф на државата Бранко Црвенковски. Според сценариото, церемонијата на инаугурација на Иванов ќе започне пред Собранието, каде што ќе биде пречекан од Црвенковски заедно со војничката гарда. По свечената заклетва, тие ќе се упатат во претседателскиот кабинет, каде што и формално ќе заврши примопредавањето на функцијата. Церемонија ќе ја следат и неколкумина странски државници, а ќе присуствуваат и владиниот кабинет, како и претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор, на судството, на верските заедници. На инаугурацијата нема да присуствуваат сите пратеници од албанскиот политички блок, поради тоа што на свеченоста не е поканет косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Како извесно своето присуство го најави ДУИ, ден пред инаугуарцијата. Поради присуството на странските државници, во Скопје ќе биде воведен посебен безбедносен и сообраќаен режим. Македонската полиција најави највисок степен на безбедност. Од 11 до 14 часот ќе биде целосно затворен булеварот „11 Октомври“ пред Собранието, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.
XS
SM
MD
LG