Достапни линкови

logo-print

Новинарката Роксана Сабери ослободена


Американско-иранската новинарка Роксана Сабери денеска е ослободена од затворот во Техеран, откако Иранскиот суд ја намали нејзината казна затвор од осум години на две годишна условна казна. Таткото на Сабери изјави дека таа е во добра здравствена состојба и покрај дво-неделниот штрајк со глад кој го оддржа додека се наоѓаше во затворот Евин на северот од Техеран. Сабери во Иран беше осудена за шпионажа во корист на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG