Достапни линкови

logo-print

Состанок во ОН за намалување на нуклеарното оружје


Барак Обама и Бан Ки Мун

Барак Обама и Бан Ки Мун

Минатиот месец при посетата на Прага, американскиот претседател Барак Обама говореше за заканите поради ширењето на нуклеарното оружје, и за тоа како Соединетите Држави би можеле да учествуваат во постигнувањето на целта за намалување на овој вид вооружување, на нула. Помошникот американски државен секретар Роуз Гетмолер е предводник на американските преговори и шеф на делегацијата на состанокот на Комитетот на Договорот за нуклеарно разоружување што се оддржува во седиштето на ОН во Њујорк. Гетмолер вели дека администрацијата на претседателот Обама е цврсто решена да работи на намалување на нуклеарното оружје. Но, според неа тоа неможе да се стори преку ноќ:

„Тоа мора да биде сторено на балансиран начин кој обезбедува ефикасен, сигурни и безбедни американски залихи, се додека постои нуклеарно оружје.“

Вели Гетмолер. На состанокот Индија е главна тема, бидејќи оваа земја има посебен нуклеарен договор со Соединетите Држави, без
Администрацијата на претседателот Обама е цврсто решена да работи на намалување на нуклеарното оружје, но тоа неможе да се стори преку ноќ
истовремено да е потписник на Договорот за нуклеарно разоружување. Запрашана дали одредени договори изгледаат потикнувачки за некои земји да останат надвор од Договорот за неширење на нуклеарното оружје на што би можело да се гледа како на своевидна награда за нешто за што би требало да бидат казнети, Гетмолер вели дека Вашингтон одсекогаш инсистирал на универзалност и исклучивост:

„Ние не ја криеме нашата поддршка, силна американска поддршка за универзалност, околу охрабрувањето на Индија за членство, исто како и за Израел, Пакистан и Северна Кореја, кои можат да се вратат во режимот од Договорот за неширење на нуклеарното оружје.“

Додава Гетмолер. Во врска со Иран која пак е една од 190-те потписнички на Договорот, американскиот помошник државен секретар вели дека сите потписници мора да ги следат правилата.

„Тие што еднаш го потпишале договорот мора да ги следат правилата, тие имаат одговорност за тоа. И тоа беше јасна порака што претседателот Обама ја упати при говорот во Прага, за неопходноста од целосно делување во рамки на правилата предвидени со договорот, вклучувајќи го и Иран.“
XS
SM
MD
LG