Достапни линкови

logo-print

Повеќе пракса на Универзитетите


Битола

Битола

На Битолскиот универзитет „Климент Охридски„ е воведна зголемена практична настава за студентите. Студентите праксата ја минуваат во повеќе претпријатија, стекнувајќи се со потребните знаења, а не ретко оние што покажуваат резултати имаат можност и за вработување.

Битолскиот универзитет „Климент Охридски“ прави обиди да го доближи високо образовниот процес до стопанството. Целта е дипломираните кадри да можат да одговорат на потребите на бизнис компаниите. Ова посебно се однесува на економските, инженерските, технолошките и манаџерските струки. Ваквата намера се остварува преку зголемување на практичната настава во третата и четвртата година од студирањето, која не се изведува по факултетските кабинети туку во соодветно избрани фирми. Така годишно по 350 студенти од Економскиот факултет во Прилеп праксата ја минуваат во бизнис компании, банки, книговодствени бироа итн. На овој начин тие се стекнуваат со потребните знаења за работата која ќе ја обавуваат по завршувањето на факултетот, а вработувањето не го доживуваат со страв и шок, вели проректорот Перо Аслимовски.

„Дејноста на високо обрзовните институции ќе ја изгуби својата суштина доколку кадрите што ги создаваме не најдат свое место во компаниите и обратно компаниите не можат да го постигнат својот оптимум во развојот доколку не се потпрат на квалитетни, компетентни, стручни кадри кои што се создаваат тука.“

објаснува Аслимовски.
Со цел образованието да се адаптира кон потребите на стопанството на Универзитетот е отворен и Центар за кариерен развој кој е дел
Дејноста на високо обрзовните институции ќе ја изгуби својата суштина доколку кадрите што ги создаваме не најдат свое место во компаниите
од националната програма за практиканство. Воедно се планира поактивно учество на бизнис секторот во креирањето на наставните програми и вклученост на потврдени стопанственици во предавањето на стручните содржини. Во последно време расте бројот на фирми кои се пријавауваат за да овозможат практичната настава студентите да ја минуваат кај нив, Што пак во иднина им го оследнува и вработувањето на факултетлиите вели проректорот Сашо Атанасовски.

„Во голем број на случаи посебно во секторот на банкарството се случува наши студенти да се вработуваат многу лесно после тоа, бидејќи самиот менаџмент на компаниите, во случајот банкарскиот сектор посебно, се запознааваат со конкретните вештини и со конкретните профили на нашите студенти.“

вели Атанасовски.
Битолскиот универзитет брои 11 високо-образовани установи на кои се реализира 41 додипломска студиска програма.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG