Достапни линкови

Гордон Браун се извини за прекумерното трошење на парламентарците


Британскиот премиер Гордон Браун јавно се извини во име на членовите на Парламентот, поради нивните прекумерни трошења и најави измена на системот. Весникот Дејли Телеграф деновиве објави информација за прекумерното трошење на британските парламентарци, кои барале буџетски средства за реновирање на своите домови, за храна за своите домашни миленичиња и други трошоци. До прекумерното трошење од страна на британските парламентарци доаѓа во време кога гласачите се принудени ,,да го стегнат ременот“ во услови на рецесија, пренесуваат агенциите.

XS
SM
MD
LG