Достапни линкови

Нема опасност за Македонија


Според експертите, југоисточна Европа не е на мапата на терористичките групи, но потребна е зголемена претпазливост.

Убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен нема да ја постави Македонија на мапата на терористичките групи, желни за одмазада, но според експертите, неговата смрт нема да помине неказнето. МВР добило допис од
Беше побарано зголемена будност и внимание, како и редовни контакти со американските безбедносни служби, односно разузнавачки служби за навремена размена на какви било сознанија за потенцијална
опасност.
директорот на Интерол во кое на сите земји им се препорачува зголемена претпазливост од евентуални терористички напади. Потпаролот на министерството Иво Котевски вели дека во препораката не стојат конкретни активности кои треба да бидат преземни, туку само да биде зголемена будноста кај безбедносната сили и да се обрне поголемо влијание на објектите на САД. Министерството веќе стапило во контакт со американската амбасада.

„Беше побарано, не физичко зголемување на обезбедувањето, туку зголемена будност и внимание, како и редовни контакти со американските безбедносни служби, односно разузнавачки служби за навремена размена на каква било оперативна информација или сознание за потенцијална опасност.“
Некои битни влијанија Осама Бин Ладен нема остварувано, ниту пак има причини да остварува во овој регион, после настаните од 90-тите години, односно почетокот на 2001 година, кога се случуваат нападите.

Експертот по безбедност, Благоја Марковски вели дека со убиството на Бин Ладен нема да бидат намалени терористичките активности на глобален план и кон определни земји како САД, туку тие напротив, како чин на одмазда, ќе се интензивираат во следниот период. Но според Марковски, последиците нема да ги почуствуваат земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и Македонија.

„Некои битни влијанија Осама Бин Ладен нема остварувано, ниту пак има причини да остварува во овој регион, после настаните од 90-тите години, односно почетокот на 2001 година, кога се случуваат нападите.“

Марковски додава дека, сепак, треба да се зајакнат безбедносните мерки, особено во странските амбасади во земјава.

„Секогаш е потребно после вакви активности со вакви последици да се преземаат превентивни мерки.“
Секогаш е потребно после вакви активности со вакви последици да се преземаат превентивни мерки.

Според Котевски, засега немаат никакви информации за посериозна опасност по странските амбасади и министерството е во контакт со лицата задолжени за нивната безбедност.

„Доколку и тие поседуваат било какво сознание или имаат потреба од зголемување на полициските службеници кои ги покриваат, односно обезбедуваат, подготвени сме да им излеземе пресрет, но во моментов, нема посериозни индиции за било каква опасност.“

Експертите очекуваат местото на Бин Ладен набрзо да го наследи некој од неговите блиски соработници.

Видео: Осама бин Ладен - историја на насилството

Осама бин Ладен: историја на насилство
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG