Достапни линкови

logo-print

Пакистанските безбедносни сили не го штителе Осама бин Ладен


Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари и претседателот на САД Барак Обама

Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари и претседателот на САД Барак Обама

Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари ја демантира можноста дека безбедносните сили на неговата земја го штителе Осама бин Ладен пред да го убијат американските сили во близина на Исламабад. Тој во денешното издание на весникот Вашингтон пост наведува дека пакистанската соработка со Соединетите држави помогнала во пронаоѓањето на лидерот на Ал Каеда. Зардари исто така потврди дека пакистанските сили не учествувале во операцијата во која беше убиен Бин Ладен.
XS
SM
MD
LG