Достапни линкови

Реакции на земјите од регионот за смртта на Бин Ладен


Лидерот на Ал Кадеа, Осама Бин Ладен

Лидерот на Ал Кадеа, Осама Бин Ладен

Властите на државите од регионот оценија дека убиството на Бин Ладен претставува голем успех во меѓународната борба против тероризмот. Премиерот на Црна Гора Игор Лукшиќ изјави дека тоа е сигнал оти современото глобално општество може да се справи со предизвици на тероризмот. Хрватското МНР соопшти дека конечниот крај на најбараниот светски терорист одговорен за страдање на илјади недолжни американски граѓани е голем успех на меѓународната борба против тероризмот. Премиерот на Словенија Борут Пахор изрази задоволство од крајот на целата акција. Министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас соопшти дека убиството на Бин Ладен е голем удар за тероризмот, но дека борбата не завршува.
XS
SM
MD
LG